Магазин

Им откажа ли Гиговска љубов на ДУИ: По најавите за настап на “Скендербег”, доби јавен “ќотек”

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците организира фестивал на плоштадот Скендербег во Скопје. Фестивалот се организира по повод одбележување 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор.

МАЈК, ФИФИ, Нора Истрефи, Луми Б, КИДА и Ермал Фејзулаху се пејачите кои ќе настапат на фестивалот за кој министерството вели дека се стреми да стане традиционален.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира “PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”. Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.
сабота, 13 август 2022, плоштад “Скендербег” Скопје, 21:00ч
Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.

Вчера министерството објави дека меѓу учесниците ќе биде и македонската пејачка Антониа Гиговска.

„За колку пари се шитна бе девојче??“, „Не можам да разберам, со кој памет Антониа Гиговска прифатила да пее на овој настан?“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Денес на социјалните мрежи се појави дел од разговор на Инстаграм за кој се тврди дека е направен со пејачката. Во него стои дека менаџментот на Гиговска го прифатил ангажманот, но потоа истиот го откажал.

„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот ‘Peace Festival’… Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“, стои во пораката.

На Инстаграм профилот на Гиговска стои дека на 13 август таа ќе настапува во клуб во Радовиш.

На почеток