Свет

Зеленски: „Ќе одговориме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе одговори на руското гранатирање на градот Марганец.

Зеленски додаде дека ќе ги разгледа сите начини да и нанесе што е можно поголема штета на Русија и да стави крај на војната што е можно побрзо.

Според украинската страна, 13 лица загинале, додека 10 се ранети денеска кога руските сили истрелале ракети кон Марганец од територијата на нуклеарната централа во областа Дњепропетровск, која претходно ја освоиле.

„Вооружените сили на Украина, нашите разузнавачки и безбедносни агенции, нема да го остават без одговор денешното руско гранатирање на регионот Днепропетровск“, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање, пренесе Ројтерс.

Тој повтори дека е неопходно Западот да и обезбеди на Украина помоќно оружје за да се спротивстави на руските сили.

На почеток