Свет

Песков: „Русија е невозможно да се негира“

Многу земји ги преминуваат границите на разумното, но на Русија не смее да и се негира, тоа е невозможно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Со тие зборови тој реагираше на последната скандалозна одлука од Западот.

Имено, Литванија донесе одлука на уметничките лизгачи Повилас Ванагас и Маргарита Дробјаско да им ги одземе државните награди поради учество во руската шоу програма.

„Навистина, гледаме дека многу земји ги преминуваат границите на разумот. Може ли да се негира Чајковски, тоа не смее да се направи. Може ли да се негира Русија – не може. Сакале или не, тоа е едноставно невозможно“, изјави Песков за ТВ „Русија 1“. „

На почеток