Магазин

И најдоа замена на Гиговска за прославата на ДУИ, ќе настапува познат македонски пејач

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денес информираше дека македонскиот пејач Владо Јаневски ќе настапува во сабота на „Peace festival“.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира “PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”.
Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Владо Јаневски.

сабота, 13 август 2022
плоштад “Скендербег” Скопје
21:00ч
Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.

Пред два дена од министерството објавија дека Антониа Гиговска ќе настапува на фестивалот во сабота, но пејачката објави дека го откажалa настапот.

На почеток