Охрид

(ВИДЕО) Им пркоси на вандалите, виртуелниот Прличев повторно се разбуди!

„Виртуелниот Прличев повторно се разбуди! Неизмерна благодарност на сите за искрената поддршка. Ова дело е подеднакво ваше, бидејќи покажавте дека сите сме Прличев! Благодарност и до оние кои се понудија за донации, но материјалните оштетувања беа минорни и истите се веќе санирани. Сепак, незанемарлива е смелоста да се посегне по македонското културното наследство, симболите на градот и државата, без разлика дали се во материјална или дигитална форма“, напиша проф.д-р Анис Сефиданис.

„Григор Прличев непрестано бил мета и на своите современици, блиските околу него дури го наклеветиле за невин да лежи во затвор, но тој секогаш одговарал со неговата поезија, која ќе остане недосежна за оние кои не си го љубат градот и таткојната…

“…Секогаш, секогаш, Охрид ќе го наткрилуваат несреќи?
Во него секогаш ли ќе се случуваат потреси и безредија?
И секогаш ли во него ќе царува злото?
Секогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?
Страдања, расцепи големи, расправии, групации?
И големи ползења и штетни ласкавости?
Ниски демагози, Садукејски банди?
Лудости и безумности!
На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,
И на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?
Јас сум сепак онај беден пријател на вистината.
И потоа непријател бескомпромисен на измамата и лошотијата…
Се пресметувам со се во светот и со глупостите,
А состојбата на бедниот Охрид ја оплакувам…”
Од необјавената поема на Григор Прличев, “Охридски џган”“, цитира проф.д-р Анис Сефиданис.

На почеток