Продолжи протокот на руска нафта кон Чешка
Протокот на руска нафта преку гасоводот Дружба кон Чешка ќе продолжи во петок, објави словачкиот оператор на гасоводот Транспетрол.
„Вечерва во 20:00 часот ќе продолжи протокот на нафта кон Чешка“, изјави портпаролот на Транспетрол, пишува Ројтерс.
Во вторникот, руската компанија „Транснефт“ соопшти дека испораките преку гасоводот „Дружба“ се прекинати во Чешка, Унгарија и Словачка од 4 август бидејќи западните санкции ја спречиле да плаќа транзитни такси на украинската транзитна компанија „Укртранснафта“.
Протоците кон Унгарија и Словачка продолжија во средата, откако унгарската рафинерија МОЛ и нејзината словачка единица Словнафт најдоа решение со тоа што самите ќе ја платат Укртранснафта, но испораките за Чешка не продолжија.
Земјите од Централна Европа зависат делумно од руската нафта и во голема мера од рускиот гас, и обезбедија исклучоци од забраната на Европската унија за увоз на руска нафта додека не ги прилагодат своите бродски рути и рафинерии за да земат друга нафта.