Македонија

(ВИДЕО) Излезе и снимка од тепачката во Гостивар, 15 лица се соочуваат со пријави

Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар, каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

– На 11 август околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

На почеток