Лефков: Кој ќе одговараше ако суспектниот беше позитивен на мајмунски сипаници и ја ширеше заразата
Во текот на вчерашниот ден се потврди дека во Македонија нема мајмунски сипаници, дали властите се подготвени за нова пандемија
Апелираме во најбрз можен рок оваа неодговорна власт и министерот Беким Сали, што поскоро, веднаш да донесат протоколи за пандемијата која масовно се шири низ Европа и светот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали власта е подготвена да се справи со нова пандемија.
Тој прашува кој ќе одговараше доколку вчера тестираниот суспектен граѓанин на Македонија беше позитивен и изминатите неколку дена ја ширеше оваа зараза?
– Среќа што е негативен, и затоа ни се потребни што поскоро протоколи од страна на здравствените власти и комисијата за заразни болести. Не смее повторно да ни се случи сценариото како со ковид пандемијата каде што Македонија е земја со најмногу починати на милион жители, каде касневме со протоколи, доцневме со вакцинација, рече Лефков.
Лефков уште еднаш упати апел до оваа неодговорна власт уште веднаш да се зафатат со работа.