Македонија

Изминатите 24 часа изгасени девет пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информираше дека во изминатите 24 часа изгасени се девет пожари во Македонија.

1. РЦУК Куманново пожарот во с.Добрача кој беше од вчера од 17:30 е целосно изгаснат до 08:00часот, пожарот е предизвикан од удар на гром и изгореле околу 1000бали сено и овес,интервенирано е со 1ПП возило и 2 пожарникари.
2. РЦУК – Скопје запалена ниска вегетација во с. Страхојадица. со 1 ПП возило и 3 пожарникари. од 09:00 до 10:00 часот. Зафатена била површина од 1000 м2. (опш.Зелениково)
3. РЦУК – Скопје запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште . Реагирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 11:15 до 14:40 часот (опш. Гази Баба)
4. РЦУК – Скопје запалена ниско стеблеста вегетација во с. Градманци. со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:45 до 16:45 часот Зафатена била површина од 2000 м2 (опш. Петровец)
5. РЦУК – Битола запалена бандера на ЕВН и железничка пруга (запалени прагови од пругата) кај с. Тројкрсти. било зафатен столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола, известени беа Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Реагирано со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 12:48 до 17:00 часот.
6. РЦУК – Охрид запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:10 до 13:50 часот.
7. РЦУК – Тетово запалена сува трева и стрништа покрај патот во с. Теарце. Реагирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:03 до 16:59 часот
8. РЦУК – Тетово запалена сува трева покрај автопатот Тетово – Скопје Реагирано со 2 ПП возило и 6 пожарникари од 13:54 до 15:40 часот.
9. РЦУК – Куманово запалено ѓубре во ул.Ѓорче петров кај ( Туш маркет ), со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 20:20 до 20:50 часот.

To Top