Експлозија во Кабул
Од
Објавено на
Најмалку две лица се повредени денеска во експлозија во западниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, пренесува РИА Новости.
Агенцијата наведува дека експлозијата се случила во областа Даште-Барчи.
Како што јави локалната агенција Хама Преш, експлозијата се случила околу 10:15 часот по локално време во канцеларијата на Националната управа за статистика и информации (НСИА).
Минатиот викенд во западниот дел на Кабул, каде живее претежно шиитско население, се случи експлозија во која загинаа најмалку осум лица, а 22 беа повредени. Неколку дена подоцна, истакнатиот талибански свештеник Шеик Рахимула Хакани беше убиен во самоубиствен напад.