Свет

Кадиров: Нова група се упати кон Донбас

Нова група доброволци, кои поминаа обука на чеченскиот Универзитет за обука на специјалните сили, ја напуштија оваа руска република на Кавказ и се упатија кон Украина, соопшти денеска чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Друга група доброволци се упати кон специјалната оперативна зона Донбас од меѓународниот аеродром во Грозни. Благодарение на одличната обука на персоналот на Универзитетот за обука на специјалните сили, волонтерите се добро подготвени да решаваат оперативни задачи“, рече Кадиров на Телеграм, објави ТАС С.

Рускиот универзитет за обука на специјални сили е единствената приватна образовна институција во Руската Федерација каде специјалните сили се професионално обучени. Изграден од приватни лица на површина од повеќе од 450 хектари во градот Гудермес, комплексот содржи 95 згради и најнова технологија.

На почеток