Гаспром почна да и обезбедува на Унгарија дополнителни количини гас
Рускиот гасен гигант Гаспром почна да и обезбедува на Унгарија дополнителни количини гас.
Додатокот го побара владата на премиерот Виктор Орбан за да ги реши проблемите со снабдувањето со енергија во текот на зимата, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Будимпешта, пишува Блумберг.
Од петокот, „Газпром“ го зголеми протокот кон Унгарија за 2,6 милиони кубни метри дневно до крајот на август користејќи го гасоводот „Турски тек“ што минува низ Балканот, рече државниот секретар на МНР Тамаш Менчер во објава на Фејсбук. Разговорите за дополнителни количини за септември продолжуваат, рече тој.
Унгарија бара да набави 700 милиони кубни метри дополнителен природен гас над износите наведени во повеќегодишниот договор на земјата со Гаспром, со цел да ги зголеми резервите на гориво.