Македонија

Нема активни пожари во Македонија, изминатите 24 часа изгасени се четири

Вчера голем дел од Македонија беше зафатена со силни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави. Центарот за управување со кризи објави каква е состојбата со порои и поплавите во државата.

1.Кавадарци
Од вчерашната настаната ситуација со поројни врнежите од дожд во Кавадарци полавени се околу 10-тина подруми од куќи, за испумпување на водата од поплавените подруми на терен биле 6 пожарникари со 4 ПП возила и 3 пумпи, и екипи со 2 пумпи од ЈП Комуналец Кавадарци. Санирана е исто така и оштетената ул.7-ми Септември, на која се работело со 3 екипи. Активностите на екипите се завршени во 01.30ч.

2. Штип
Поплавена куќа од подрум на ул. Љубен Иванов бр.48 од затната канализација. Известени се ЈП Исар Штип.

Во моментов нема активни пожари, а во изминатите 24 часа изгасени се вкупно четири.

Изгаснати пожари
1.Куманово с.Ваксинце
сува трева 1 ПП возило и 3 пожарникари 16,05-17,55
2. Куманово с.Романовце
запалено стрниште
1 ППвозило и 3 пожарникари
20:20 – 21:20
3.Кривогаштани с.Кривогаштани опожарена хала за откуп на земјоделски производи Од ТППЕ Прилеп испратено е 1 ПП возило со 3 пожарникари
од ТППЕ Кривогаштани испратено е и 1ПП возило со 4 пожарникари
20,00-21,25
4. Скопје Илинден
запалено ѓубре на површина од 100 м2
1 ПП возило и 3 пожарникари
20.40 -21.50

На почеток