Македонија

ВИДЕО: Водителката на „рамковниот фестивал“ исвиркана кога зборуваше на македонски јазик

На синоќешната прослава по повод 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор, која се одржа на плоштадот Скендербег, водителката која читаше на македонски јазик беше исвиркана од страна на публиката.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик.

Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто Груби ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

На почеток