Свет

Путин му напиша писмо на Ким: Поблиските врски се во интерес на двете земји

По повод националниот празник на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Во писмото тој посочи дека двете земји „ќе ги прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи преку заеднички напори“, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

Во извештајот на севернокорејската новинска агенција KCNA, се наведува дека во писмото до Ким за Денот на ослободувањето на Северна Кореја, Путин рекол дека поблиските врски ќе бидат во интерес на двете земји, оценувајќи дека тоа ќе помогне да се зајакне безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, пренесува Ројтерс.

На почеток