„Bажно е да не им се отежнува на противниците на Кремљ да ја напуштат Русија“, вели Шолц
Од
Објавено на
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е важно да не им се отежнува на противниците на Кремљ да ја напуштат Русија иако, додаде тој, има простор за дебата на европско ниво за забраната за пристигнување руски туристи.
„Важно е да разбереме дека има многу луѓе што ја напуштаат Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим“, рече тој по состанокот со лидерите на нордиските земји во Осло, пренесе „Ројтерс“.
Претставници на неколку европски земји, вклучително и финската премиерка Сана Марин, која се состана во Осло, повикаа на руските туристи да им се забрани влезот во ЕУ за да се осигури дека и тие ќе ја платат казната за нападот врз Украина.