Свет

Една година од доаѓањето на Талибанците на власт, Авганистан е во длабока економска и хуманитарна криза

ОН предупредија денеска, на годишнината од доаѓањето на власт на Талибанците во Авганистан, дека светот не смее да ги заборави проблемите со кои се соочуваат жените и децата во таа земја.

ОН наведуваат дека светот се соочува со различни кризи, но дека Авганистан се уште е во длабока економска и хуманитарна криза, пренесува Би-би-си.

Според проценките, 95 отсто од населението и речиси сите домаќинства на чие чело се жени немаат доволно храна, изјави директорката на Агенцијата за население на ОН, Наталија Канем.

Таа го осуди фактот што жените и девојчињата имаат се помалку пристап до образовните институции и здравствената заштита.

Кога на жените и на девојките им се ускратени основните права, сите се чувствуваме лишени – додаде таа. Откако Талибанците дојдоа на власт, правата на жените во Авганистан се драстично ограничени.

На почеток