Свет

Денеска почнува судењето на Хрватот заробен кај Мариупол

Денеска почнува судењето на Хрватот Вјекослав Пребег, кој беше заробен од руските сили на почетокот на мај кај Мариупол. Нему судот на самопрогласената Народна Република Доњецк ќе му суди за учество во конфликтот во улога на платеник и уривање на уставниот поредок, за што се предвидени казни доживотен затвор и смртна казна, пренесува хрватскиот портал Дневник.

Хрватскиот адвокат Лука Мишетиќ вели дека Народна Република Доњецк, без разлика што не е меѓународно призната, мора да го почитува меѓународното хуманитарно право.

На почеток