Телото на уште еден новинар пронајдено во Мексико


Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.
Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата, пренесува АП.
Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.
Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре,пренесе Танјуг.
