Свет

Хрватите годинава од туризмот очекуваат најмалку 11 милијарди евра

Гужвите на улиците, градовите и плажите, како и зголемените цени, укажуваат на тоа дека многумина во Хрватска нема да се жалат на заработката оваа година.

Вкупните приходи од туризмот, проценува CNB, би можеле да изнесуваат 11,3 милијарди евра, што е речиси четвртина повеќе од минатогодишниот приход од 9,1 милијарди.

Тоа е седум отсто или 800 милиони евра повеќе од најуспешната 2019 година, пишува Јутарњи лист.

Аналитичарите дури проценуваат дека овогодинешните приходи од туризмот би можеле да достигнат 12,2 милијарди евра.

Како што пишува „Јутарњи“, големиот прилив на девизи од туристичките услуги годинава значително ќе го ублажи и значителниот дефицит создаден во хрватската трговска размена поради силниот раст на увозот, пред се поради зголемувањето на цената на енергијата и другите суровини.

На почеток