Актуелно

Големото поскапување на струјата може да влијае на водоснабдувањето во Загреб

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ денеска изјави дека евентуалното големо поскапување на струјата може да влијае на водоснабдувањето.

Само трошоците за пумпање вода низ цевките во Загреб би можеле да се зголемат од 50 милиони куни (6,7 милиони евра) на дополнителни 150 милиони куни (20 милиони евра).

Тој рече дека поскапувањето на енергенсите ќе биде голем удар за единиците на локалната самоуправа и оти очекува средби со Владата на овој план, истакнувајќи дека градските власти веќе имале одредени разговори со министрите за економија и финансии, пренесува Хина.

Зборувајќи за заштедата на енергија, односно за наредбата на филијалите на Хрватска електропривреда (ХЕП) да подготват планови за потенцијално намалување на електричната енергија бидејќи зголемувањето на цената на енергијата ќе биде голем удар за нив, Томашевиќ изјави дека Загреб е меѓу првите во Хрватска што пропиша максимална дозволена температура за ладење на 25 степени и забрането ладење преку ноќ.

Паралелно со енергетското обновување на јавните згради, градот, како што најави, во следните неколку години ќе го замени целото јавно осветлување со енергетски поефикасно ЛЕД осветлување.

Томашевиќ додаде дека со ХЕП започнале разговори и за подоцнежно вклучување и порано исклучување на јавното осветлување, а бидејќи спортските објекти, особено базените се големи потрошувачи на енергија, се работи на мерки за заштеда во рамките на постојните прописи и стандарди.

На почеток