Македонија

ФОТО: Претседателот на пливачката федерација со насмевка кажа дека нема Охридски пливачки маратон

Традиционалниот Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, информираа денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

„Средба со Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација на која разговаравме за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план.
Ме информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, стои во објавата.

На социјалните мрежи беше објавена и фотографија од Пендаровски и Стојановски на која претседателот на Националната пливачка федерација e насмеан, што предизвика револт кај граѓаните

„Претседателон на пливачка федерација жив пресреќен дека на прием кај вас. Нема врска тоа што цела година не успеале еден спонзор да најдат за да се одржи маратонот“, „Ај барем муабет сте си направиле“, „Нели ви е страм?!!! Па уште се објавува како официјална средба, небаре ќе објавите убава, позитивна вест“, се дел од коментарите.

На почеток