Актуелно

Советник на Зеленски: Украина се подготвува за руски ракетен напад врз Киев

Украина се подготвува за руски ракетен напад врз главниот град Киев на Денот на независноста, 24 август, изјави денеска претседателскиот советник Алексеј Арестович.

Сепак, тоа нема да ја промени воената ситуација, рече тој, туку ќе биде акција насочена кон „убивање на што е можно повеќе цивили“.

Тој рече дека и Украина може да им возврати на Русите тој ден и потсети на серијата неодамнешни експлозии на Крим, кои Русија ги анектираше во 2014 година. „Во случај на напад таму, ќе биде многу полошо за нив“, нагласи тој.

На почеток