Некатегоризирани

Тетовец со автомобил прегази баба

Денеска (19.08.2022) околу 09.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово патничко возило „опел виваро“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(47) од Тетово удрило во Ж.А.(80) од Тетово. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На почеток