Приведен возачот на автобусот кој се преврте во Бугарија


Возачот на српскиот автобус, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, доби 24 часа притвор, соопшти бугарската полиција.
МВР соопшти дека причината била или човечка грешка или технички проблем.
Возачот на автобусот бил негативен на алкохол и дрога.
Сообраќајната несреќа најверојатно е предизвикана од човечка грешка, соопштија од обвинителството на прес-конференцијата.
Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал. Во автобусот имало 38 деца, 10 возрасни и еден возач. Патниците успеале да излезат од превртеното возило низ прозорците кои морале да ги скршат.
Како што јавува БТА, по несреќата што се случи синоќа на автопатот Тракија, во болница се задржани 12 деца и двајца возрасни.
Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ за ТВ Прва изјави дека се повредени десет деца, а еден возрасен e со сериозни повреди на долните екстремитети.
