Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Српскиот парламент денеска избира нова влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
1741093198-Screenshot-2025-03-04-135943

Српскиот парламент денеска ќе одржи седница на која ќе се избере нова влада.

— реклама —

Ендокринологот Ѓуро Мацут кој го доби мандатот од претседателот Вучиќ, ќе го образложи предлогот за членовите на неговиот кабинет и ќе го презентира планот и програмата на новата влада, по што ќе се отвори дебата за кандидатот, програмата и кандидатите за членови на Владата.

— реклама —

За прв потпретседател и министер за финансии е предложен досегашниот Синиша Мали, а заменик премиер и министер за внатрешни работи останува Ивица Дачиќ. Трет вицепремиер е Андријана Месаровиќ, која ќе го задржи и ресорот економија.

— реклама —

Според предлогот, Братислав Гашиќ треба да раководи со одбрана а други предлози се Марко Ѓуриќ (министер за надворешни работи), Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ (министер за рударство и енергетика), Златибор Лончар (министер за здравство), Никола Селаковиќ (министер за култура) и Милан Кркобачиќ треба да ги задржат ресорите.

— реклама —

За нов министер за образование е предложен Дејан Вук Станковиќ. Овој предлог предизвика и најмногу негативни реакции во јавноста.

Ресорот евроинтеграции треба да го води Немања Старовиќ, кој во претходната влада раководеше со Министерството за труд. За овој ресор во новата влада е предложена Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковиќ, која беше министерка за семејна грижа и демографија во претходната влада.

Драган Гламочиќ е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сара Павков за министерка за заштита на животната средина, Јагода Лазаревиќ за министер за внатрешна и надворешна трговија, Ненад Вујиќ за министер за правда, Снежана Пауновиќ за министерка за државна администрација и локална самоуправа, Демо Бериш за министер за човекови, малцински права и социјален дијалог.

За министри без ресор се предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Миличевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура.

Владата се избира доколку за нејзиниот избор гласало мнозинството од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypk58vhsufsjn10K3w0Z

(Видео) Студентка од Србија со жесток одговор до новинарка стана вирална

Свет | пред 1 ден

brnabikj

Брнабиќ најави: „Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер“ пред можни вонредни избори во Србија

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Одложена средбата меѓу Вучиќ и Тајани

Свет | пред 2 дена

brnabikj

Брнабиќ бара реакција од ЕУ: Очекувам осуда за протестите во Белград

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања