Свет

Русите го запираат протокот на гас преку Северен тек заради одржување

Транспортот на гас преку Севернен тек ќе биде во прекин од 31 август до 2 септември поради планирани технички работи, соопшти денеска Газпром.

„Единствената работна пумпна единица „Трент 60“ ќе биде стопирана три дена заради одржување“, се вели во соопштението, пренесе РИА „Новости“.

Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе вршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс“, забележува Гаспром.

На почеток