Свет

17 загинати поради истекување на гас во Алжир

17 лица загинаа во три одвоени инциденти со истекување на гас во Алжир во рок од два дена, јави денеска телевизијата „Алгад“.

„Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви тешки несреќи во кои има жртви од сите возрасти“, рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд.

Министерот изрази надеж дека граѓаните ќе ги земат предвид упатствата за спречување на опасност од задушување на гас.

На почеток