Скопје

(ВИДЕО) Во Карпош е хаос, откорнати дрвја, уништени автомобили, блокирани патеки

Краткиот дожд и ветер, направи хаос низ Скопје. Во Карпош е се уште е несредено. На пешачката патека во Карпош 4 има огромни гранки, кои за среќа не повредиле пешаци. Екипи кои ќе ги тргнат, засега не се дојдени.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“.

Оштетени се неколку автомобили.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.

На почеток