Свет

„Ќе ги избегнуваме доларот и еврото – тие се „отровни“ валути“, вели рускиот заменик министер за надворешни работи

„Русија сè помалку ќе ги користи доларот и еврото во своите комерцијални, економски и инвестициски односи со своите партнери бидејќи овие валути станаа „отровни“. Ова денеска го изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Панкин.

„Поради зголемениот геополитички притисок од Западот, единствениот начин да се гарантираат стабилни трговски, економски и инвестициски односи меѓу Русија и нејзините партнери е да се избегне употребата на валути кои станаа токсични, пред се доларот и еврото, и да се префрли на прифатливо алтернативи, пред се национални валути“, нагласи Панкин, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Според неговите зборови, сегашниот глобален финансиски систем создаден од Вашингтон се покажал како „несоодветен за односи во поредокот на мултиполарниот свет и станал инструмент за постигнување на политичките цели на одредена група земји“.

Тој посочи дека е очигледно дека Западот има намера да продолжи да ги злоупотребува сегашните услови со својата привилегирана положба, но е охрабрен од фактот што многу земји сметаат дека е неопходно да се „дедоларизираат странските економски активности за да се обезбеди нивниот суверенитет“, пренесува Новости.

Панкин додаде дека е докажано дека, ако има политичка волја, тоа може да се реши.

На почеток