Скопје

Муцунски пред изборите зборуваше за крај на бетонизација, нови паркови, a сега дели градежни маркици, вели СДСМ

Пред изборите зборуваше за тоа дека ќе стави крај на бетонизацијата во Аеродром. Зборуваше за нови паркови, за чист и зелен Аеродром. Но, Муцунски го направи спротивното, вели СДСМ.

„Паметиме како ја замајуваше јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност се работеше за информации до Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови. Ова е евтин блеф од страна на Муцунски.

Според податоците од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на јуни 2022 година, во Скопскиот регион ќе се градат вкупна 388 станови, од кои 215 станови се во Аеродром. Според ДЗС Аеродром е со најмногу издадени маркици во цел Скопски регион.

Ете толку му вредат зборовите и ветувањата на пред граѓаните.
Нема крај на лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски“, се вели во соопштнеието.

На почеток