Скопје

(ВИДЕО) Кога Скопје не може: Тројца другари се прославија крпејќи дупка на Водно, сите им се воодушевуваат!

Огромна дупка на патот кон врвот на Водно. Граѓаните велат дека дупката е особено опасна за велосипедистите кои се спуштаат надолу, а дел од нив завршиле и со повреда.

Тројца другари земаа потребни материјали и ја закрпија дупката, а фотографиите ги објавија на социјалните мрежи.

„Ја закрпивме!“ напиша Симон Симоновски. Тој во коментарите додаде дека за почеток ја закрпиле оваа дупка, а и за неа им снемало материјал. Додава дека ако не ги закрпат од Град Скопје, тие ќе закрпат и останатите.

„Кој велосипедист не се заебал тука на „тази дупка“ нека пише“, стои во еден од коментарите.

На почеток