Општина Аеродром: Избришани се над 7 маркици за градба во централниот дел од општината
Добро е што СДСМ го отвора прашањето за огромниот број станбени објекти кои тековно се градат во централниот дел на Општина Аеродром, реагираат од општината на соопштението од СДСМ.
„Сепак, ноторен факт е дека сите тие процедури и одобренија за градба потекнуваат токму од времето кога СДСМ беше локална власт во Аеродром.
Истовремено, ноторен факт е и дека се избришани над 7 маркици за градба во централниот дел од општината кој заради лошото урбанистичко планирање во времето на СДСМ и Марин се претвори во урбана џунгла. Токму на една таква локација, јавно ќе ги поканиме од СДСМ Аеродром наредниот месец на отпочнувањето активности за изградба на нов парк од 6,000 м2.
Градоначалникот Муцунски посветено работи на хумана урбанизација надвор од централното јадро на Општината, инвестиции во ново зеленило и нови проекти кои за жал не беа видливи кога СДСМ беше на власт“, се вели во реакцијата.