(ВИДЕО) Пожар во кругот на Цементарница усје во Кисела Вода
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/08/cementara.jpg)
Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода. По пријава, интервенираат и противпожарни возила со неколку пожарникари. Непознато е дали се зафатени објекти, но од информациите кои се познати, нема повредени лица.
Од Противпожарната бригада-Скопје за „Скопје1“ велат дека станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот. Детали се најавуваат по интервенцијата.
Се очекува проверка и од екипи на МВР.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)