Свет

Зеленски: Ако на украинските војници им се суди, нема да има преговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека доколку има судење на украинските војници кои беа заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

„Русија ќе се исклучи од преговорите во случај на судење на украинските војници во Мариупол“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува Интерфакс Украина.

Тој додаде дека Украина нема да толерира, како што наведе, „малтретирањето на луѓето за кои може само да се каже: тие се херои на својата татковина и ја бранеа слободата на својот народ од освојувачите“.

Интерфакс Украина наведува дека претходно беше објавено дека на 24 август во Мариупол е планиран трибунал за припадниците на украинските сили кои беа заробени откако руските сили ја зазедоа фабриката Азовстал во тој град.ati!

На почеток