Свет

„Мораме да очекуваме дека Путин дополнително ќе го намали снабдувањето со гас“, вели германскиот министер за економија

Германија има добри шанси да ја преброди зимата без воведување драстични мерки, изјави министерот за економија на земјата, Роберт Хабек.

Сепак, како што додаде, оваа земја секако се соочува со тешки времиња и мора да се подготви Русија да ги намали испораките на гас.

„Ни претстои уште критична зима. Мораме да очекуваме дека Путин дополнително ќе го намали снабдувањето со гас“, изјави Хабек за германскиот јавен сервис АРД за време на неговата посета на Канада.

Хабек е во тридневна посета на Канада заедно со канцеларот Олаф Шолц, објави Ројтерс.

За потсетување, Хабек претходно ја отфрли идејата за продолжување на работата на трите преостанати германски нуклеарни централи со цел да се заштеди на гас.

Тој рече дека со тоа ќе се заштедат најмногу 2 отсто од изворите на енергија.

Оваа заштеда не е доволна за рестартирање на дебатата за нуклеарната енергија каде што има консензус, рече Хабек во разговорот со граѓаните, на отворениот ден на Владата.

На почеток