Лажно му нуделе да купи акции, па му земале илјадници американски долари
Од
Објавено на
Осиек-барањската полиција трага по непознати измамници кои измамиле 44-годишен маж од оваа жупанија за илјадници американски долари.
Имено, измамници лажно му нуделе да купи акции, извести полицијата во саботата.
Во текот на 2021 година, 44-годишникот контактирал со непознати лица преку Интернет, и се согласил да инвестира пари во акции на непозната компанија.
Преку мобилна апликација 44-годишникот платил неколку илјади американски долари за да купи акции, а кога минатиот месец се обидел да стапи во контакт со луѓето кои му понудиле акции, сфатил дека е измамен, пренесува Пословни дневник.
Полицијата трага по сторителите.