Свет

Вучиќ откри што побарала Приштина на средбата во Брисел

Идејата на Косово е да се оди на општ договор од шест точки – откри претседателот на Србија, Александар Вучиќ што побарала Приштина на средбата во Брисел.

„Првата точка се Општите принципи на билатералните односи (взаемно признавање), под два решавање на проблемите од минатото (нерезиденти, утврдување и решавање на проблемите на силуваните лица, раселените лица, уништувањето на приватен и јавен имот, дека Србија краделе од лажното Косово и воените репарации што Србија треба да ги плати), третата точка е соработка во иднина, четврта е ист однос со Албанците во Прешево и Бујановац и народот на Косово, под пет е преиспитувањето на односите со Србите, односно преиспитување на претходно договорените договори. Тоа се однесува најмногу на она што не и’ се допаѓа на Приштина, пред се’ воведувањето на Заедницата на српски општини. Шесто е она што го бараат од Србија. Потоа зборуваа за 1989 година и укинувањето на автономијата на Албанците на Косово, па 1999 година и ослободувањето, ја прескокнаа 2004 година, па отидоа во 2008 година и стигнаа до 2011 година. Петтиот датум е 2012 година, со кој сакаа да кажат дека оттогаш сами одлучуваат и дека можат да ги спроведат постулатите за независно Косово“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ, по денешната средба со претставници на Србите од Косово им се обрати на граѓаните и рече дека нема да дозволи бегалски колони на границите. Оцени дека од 1999 година се води тешка и напорна борба за опстанок на српскиот народ во Косово.

„Сега се решени да ги протераат Србите од северот на Косово“, рече Вучиќ и додаде: клучната порака до Србите во Косово е дека што и да се случи, нема да има бегалски колони и ќе го спасиме нашиот народ од погрон.

Што се случи во Брисел

Зборувајќи за разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, Вучиќ рече дека тие ги отфрлиле сите нивни предлози.

„Никој не знае зошто Албанците решија да вршат еднострани акции и за тоа секогаш добиваа горе-долу поддршка од ‘Квинтата’. Потоа рекоа ‘ние сакаме да ги смениме регистарските таблички’. Албин Курти во Брисел рече дека сите мора да имаат РКС таблички. Која е поентата? Велиме дајте ни таблички КС, статусно неутрални се, незаконски ги укинаа во 2020. Скокаа како попарени. Одбија се“, рече Вучиќ.

Кога станува збор за личните карти, Вучиќ рече:

„Албанците велат: ‘Ние сакаме да ви дадеме документ каков што ние ни издавате во централна Србија’. Ние велиме дека нема проблем. Кога Александар Вучиќ ќе влезе во Косово, дајте му ги тие документи, но не можете да издадете таков документ на луѓето кои живеат на северот на Косово. Но не им беше гајле дали ќе ги применат на мене или на вас, ним им е важно само да ги уништат животите на граѓаните кои живеат на северoт. И тие го одбија тоа бидејќи единствената поента е тортурата на нашиот народ во Косово и нивно протерување“, рече Вучиќ.

На почеток