Свет

Убиството на Дарја Дугина било планирано и нарачано, вели Истражниот комитет на Русија

Податоците добиени во истрагата покажуваат дека делото во кое е убиена Дарја Дугина било претходно планирано и нарачано, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште, а Дарја Дугина, која била зад воланот, починала на лице место, се вели во соопштението што го пренесува Спутник.

Инспекторите, во соработка со експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, продолжија со увид на местото на злосторството.

На почеток