Македонија

Од инспектор до крупен градежник: Кој е Кочо што сакаше да ја урне терасата на ВМРО-ДПМНЕ

Кочо Стојчески исплива од анонимноста пред седум години, кога во својство на градежен инспектор сакаше да го урне нелегалниот балкон над влезот во Белата палата, пишува Призма.

„ВМРО-ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште“, се закануваше тој во 2015 година.

Некаде во тоа време ја проверуваше легалноста и на кафулето „Дистрикт“, дел од хотелот „Мериот“ во сопственост на тогаш влијателниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и Александар Ивановски – Алек Теранова.

Денес, терасата на ВМРО ДПМНЕ не е урната, кафулето „Дистрикт“ се реновира, а Кочо Стојчески е крупен играч во градежниот бизнис, купувач на плацови од сега веќе осудениот Мијалков и рамноправен бизнис-партнер на неговиот „човек од доверба“.

„Пола-пола сме во бизнисот со Алек Теранова“, ни објасни Стојчески во разговорот што го водевме во канцеларијата на Теранова во центарот на Скопје.

 „А, кој не се вработил преку партија?“

Овој 43-годишен крушевчанец само што го завршил Правниот факултет во 2001 година, влегол во администрацијата, поточно во „Паркови и зеленило“, кога со во скопското јавно претпријатие управувал Сашко Насев.

Не крие дека тоа било со помош на СДСМ.

„А, кој не се вработил преку партија?“, реторички прашува.

Партиската припадност била фактор при неговото вработување и во Министерството за одбрана и во Министерството за правда и конечно при трансферот во Општина Центар.

Повеќе

На почеток