Бухова влезе со инспекции во штипската болница, откако момче почина од сепса
Инспекции ја тресат Општата болница во Штип. Ова доаѓа откако во јавноста се појави инфорамција дека момче од Берово, на 25 години, починало од сепса. Според сведоштвото, момчето лекувало заб, по што, поради погрешно наместен дрен, добило сепса. Инспекцискиот надзор го врши Државен санитарен и здравствен инспекторат, односно Ирена Бухова.
“ Државен санитарен и здравствен инспекторат иницира вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип за пациент Ј.Д. 25год. од Берово”, велат од ДСЗИ.
Во сведоштвото стои:
„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите “професионални” доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со….” како е рекол Бог”…. Дали во 21век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно….🖤“
Беровчанец починал на 25 години поради сепса по интервенција на заб, објавено ново сведоштво