Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството за промена на Уставот и исполнување на бугарските мегаломански барања, вели опозицијата


„Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството за промена на Уставот и исполнување на бугарските мегаломански барања“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Ковачевски нека не ја отвора Пандорината кутија туркајќи бугарска агенда да се крие позади иницијативата за внес на други народи во Уставот. Не му е ниту до Хрватите и Евреите туку до ветувањето дадено на Бугарија за внес на Бугарите во Уставот. Кога веќе збори за промени на Уставот тогаш ајде да ги отвориме и останатите аспекти и прашања. Дали на Македонија и треба граѓански Устав, дали ќе го избришеме деградирачкиот Бандитеров принцип кој наместо заштита создаде систем на протекции и неквалитет, дали е потребно да се редефинира улогата и ингеренциите на претседателот на државата? Дали е потребно да се редефинираат ингеренциите на законодавната власт која е потчинета на извршната власт итн. итн.
Понудата до Ковачевски е отворена: Ако Ковачевски смета дека има мнозинство во Парламентот за уставни измени тогаш нека ги поднесе. Доколку нема треба да си поднесе оставка и да оди Македонија на нови избори.
