Обезбедени средства за организација на Охридскиот пливачки маратон
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информираше дека општината успеала да ги обезбеди потребните средства за организација на Охридскиот пливачки маратон.
„Ги обезбедивме средствата за организација на Охридскиот пливачки маратон.
На денешната 15-та седница на Советот на Општина Охрид се обезбедија потребните 2.000.000 денари кои ќе бидат наменети за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог Програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и Предлог Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година.
Претходно ги започнавме кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организационен одбор кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на потребната логистика.
За сите детали околу целокупната организација на маратонот навремено ќе ве информираме“, додава тој.