Актуелно

Без алишта и покуќнина, треба помош за млад сограѓанин од Свети Николe кој остана без домот

Младиот Гоце Здравковски остана без кров над глава. Неговата куќа изгорела во пожар, па сожителите преку социјалните мрежи бараат помош. Тие апелираат до сите оние кои се во можност да помогнат финансиски за да се обезбедат минимални услови за живот.

„Да бидеме хумани, споделете 🙏

На дечко кој живее сам во скромни услови во Свети Николе со скромни примања му изгоре куќичката во која живее, па еден апел во негово име до сите луѓе спремни да помогнат финансиски колку толку да се обезбедат минимум услови за живот

Тансакциска сметка негова:270 – 700000999437 Халкбанка Гоце Здравковски

На човекот добредојдено би му дошло било што и од покуќнина и алишта.

Негов телефонски број е 077 925 – 677“, стои во објавата.

На почеток