Германците се помалку купуваат брендирани производи


Германците се помалку купуваат брендирани производи во супермаркетите и продавниците за попуст и се свртуваат кон поевтините брендови на самите трговски ланци. Трендот е таков со месеци.
„Заштитните марки значително го зголемуваат својот удел на пазарот“, изјави за ДПА Роберт Кечкес од компанијата за истражување на пазарот GfK. Посебно, според Кечкос, во последните два месеци е зголемена продажбата на особено евтини производи.
Пазарниот удел на производителите на брендови, кој беше повеќе од 59 отсто минатата година, падна на 56,5 отсто во јуни, според GfK. Ниту честите попусти не можеа да го променат тоа.
Тоа е тежок удар за производителите на брендови кои беа меѓу големите победници за време на пандемијата. Имено, бидејќи рестораните беа затворени и не можеше да се патува, многу потрошувачи сакаа барем да се почестат со нешто во сопствените четири ѕида и почесто од вообичаено купуваа скапи, брендирани производи во супермаркетите. Сега е јасно колкава е неизвесноста кај населението, рече Кечкес.
Повеќе од четвртина од луѓето во Германија сега се плашат да останат без пари, покажа истражувањето на Германското здружение за малопродажба и Институтот за истражување на малопродажбата во Келн.
Фото: Freepik
