Свет

Ескобар: „Заборавете на наративот дека Косово е Србија“, Русија: Никогаш!

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова ја коментираше изјавата на американскиот Стејт департмент за Косово и Метохија.

Претходно специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека според него „треба да го заборавиме наративот дека Косово е Србија“.

Захарова на својот Телеграм канал јасно одговори – Никогаш!

Да потсетиме, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во Белград изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина во моментов се во „многу чувствителна фаза“. Но, како што рече, тој е оптимист за донесување мирно и одржливо решение.

„По денешниот ден, има простор за оптимизам“, изјави Ескобар за телевизијата N1.

Тој оцени дека најважното нешто што е постигнато на неодамнешните средби меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел е тоа што двајцата лидери се обврзале да се среќаваат секој месец.

„Беше охрабрувачки да се види тоа ниво на отвореност во присуство на високиот претставник на ЕУ (Жосеп) Борел и (специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав) Лајчак. Така, мислам дека почетокот на подобрување на односите меѓу двете страни е на повидок. изјави Ескобар за N1.

Тој изјави дека не учествувал во преговорите во Брисел и дека неговата улога е да ги „охрабри двете страни да бидат конструктивни и флексибилни“, а САД само помагаат во процесот, додека сите предлози ги дава ЕУ. Во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, Ескобар изјави дека ова прашање „мора да биде следно на дневен ред“.

„Ќе треба да разговараме за таа заедница и како ќе ја спроведеме. Тоа е постоечка обврска, тоа е потпишано во договорот, а тој договор веќе помина низ различни процеси во косовската влада и беше потврден“, рече Ескобар.

Тој смета дека треба да заборавиме на „наративот дека Косово е Србија“ и да се префрлиме на наративот дека Косово и Србија се всушност Европа, дека иднината на Србија и Косово „многу брзо се оддалечува од проблемите на деведесеттите“ и се приближува кон „можностите што ги нуди 21 век“.

„На крајот, сигурно ќе имате добри односи со Косово, ќе бидете поврзани со Косово, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Значи, колку побрзо ги решиме овие спорни прашања, толку побрзо ќе ги добиеме тие идни шанси. “, изјави Ескобар.

На почеток