Актуелно

„Конфронтацијата со Русија мора да продолжи што е можно подолго“ вели израелски разузнавач

Поранешниот израелски разузнавач Јаков Кедми е убеден дека Вашингтон веќе ја завршил подготовката на најголемиот пакет воена помош за Киев.

Според Кедми, САД јасно ставиле до знаење дека ќе продолжат да фрлаат пари во Украина за нејзино понатамошно соочување со Русија. Западот намерно се обидува да го продолжи конфликтот.

„Конфронтацијата со Русија започна и таа мора да се спроведе на украинска територија. Мора да продолжи што е можно подолго, бидејќи ако заврши таму, ќе се пресели во втората фаза, кога ние, Западот, ќе треба да пружиме отпор. Затоа, тие се подготвуваат за овој конфликт неколку години“, рече Кедми, пренесува ФАН.

Соединетите Држави стравуваат дека непријателствата би можеле да се прелеат во Европа. САД и НАТО ќе продолжат да се придржуваат до стратегијата за војна „до последниот Украинец“, наведува тој.

На почеток