Актуелно

Надал: Жал ми е за Новак, но спортот е секогаш поголем од поединците

Рафаел Надал проговори за повлекувањето на Новак Ѓоковиќ од УС Опен.

Како што е познато, Новак како невакциниран странец не можеше да влезе во САД и да игра на последниот Грен слем сезонава во Њујорк, па Надал ќе има многу поголеми шанси за триумф.

Шпанецот, кој првиот натпревар го игра во вторник на 30 август против Австралиецот Ринки Хиџиката, смета дека не е добро за турнирот што еден од неговите два најголеми ривали ќе го нема.

„Беше некако познато дека Новак нема да игра некое време ако не се сменат правилата, нели? Тоа го знаевме уште пред неколку месеци. Од моја гледна точка, тоа е тажна вест. Секогаш е штета кога еден од најдобрите играчи во светот не се на турнирот поради повреди или некои други причини. Во овој случај, немањето еден од најдобрите играчи во историјата е голем недостаток. Како што реков, тешко е за навивачите, за турнирот. Мислам дека е тешко и за играчите затоа што секогаш сакаме да го имаме најсилниот можен турнир. Сепак, спортот е, на некој начин, поголем од кој било играч“, рече Надал.

На почеток