Скандал во Америка – НБА ѕвезда уапсена на аеродром
Американските медиуми јавуваат дека на Флорида е уапсен кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, Торин Принс.
Според извештаите, НБА играчот првпат бил запрен пред околу три месеци поради рутинска сообраќајна контрола, а полицаецот открил дека неговата регистрација на автомобилот е истечена.
Ова се случило на територијата на Тексас, па по натамошната контрола на возилото биле пронајдени два пиштоли и наркотици кои биле испратени на детални испитувања.
Утврдено е дека поседува марихуана и масло од канабис, па Принс бил уапсен на аеродромот во Флорида.
Принс во четвртокот беше префрлен во поправниот центар Тарнер Гилфорд Гилфорд Најт.
Следува натамошна постапка и неговите истраги, а ќе следи и казната, како законски, така и кога се работи за клубот и НБА организацијата.
Минесота потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Принс во јуни.
Минатата сезона Принс имаше просек од 7,3 поени, 2,5 скока и една асистенција по натпревар.
SLATER SCOOP: Minnesota Timberwolves’ Taurean Prince was arrested on a fugitive warrant this evening at Miami International Airport, multiple sources tell me.
The warrant is from Texas regarding “dangerous drugs,” I’m told. pic.twitter.com/i7jtHyXDVu
— Andy Slater (@AndySlater) August 26, 2022