Украина извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море
Од
Објавено на
Украина извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море како дел од договорот постигнат со Турција и Обединетите нации на крајот на јули, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во редовното ноќно обраќање, Зеленски рече дека од 1 август до 15 земји отпловиле 44 бродови со украинско жито, пренесе Ројтерс.
Примени се барања за уште 70 бродови, додаде Зеленски, истакнувајќи дека целта на Киев е да извезе три милиони тони земјоделски производи за еден месец.